top of page

УСЛОВИ НА ИСПОРАКА

Рок на испорака

По потврдата, нарачката влегува во статус на обработка. По обработка на нарачката, ќе бидете известени за статусот на Вашата нарачка преку електронска пошта.

Периодот за обработка на нарачката е од 3 до 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок и за време на викенд, периодот за обработка започнува првиот работен ден од следната работна недела. Од тој момент, рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

Превземање на пратката

Курирската служба (надворешна компанија што врши испорака на производите за нас), ги испорачува пратките на адресата за испорака во период од 08 до 16 часот. Ве молиме, осигурете се на адресата да има лице што може да ја преземе пратката во овој период. При преземањето на пратката, потребно е визуелно да го прегледате пакетот за да нема видливи оштетувања. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот може да биде оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нè, со јавување на телефонскиот број +38975603171 или преку електронска пошта support@animania.com. Доколку пратката е навидум неоштетена, слободно преземете ја пратката и потпишете се на испратницата на курирот. Курирот се обидува да ја врачи секоја пратка двапати. Вообичаена практика е доколку курирот не Ве најде на адресата, да Ви се јави на телефонскиот број што го имате оставено при креирањето на нарачка и да договори нов термин на испорака. Ако и тогаш не Ве најде на адресата, пратката ќе ни биде вратена нам. По приемот на пратката, ќе Ве контактираме за да ја утврдиме причината зошто не е врачена и да се договориме за повторно праќање.

НАПОМЕНА: Курирската служба врши достава само до прва влезна врата, и може да Ве почека максимум 15 минути.

Цена на испорака

Испораката до домашна адреса за сите нарачки чиј износ е 1000 денари или повеќе е бесплатна. Доколку вредноста на нарачката е помала од 1000 денари, цената на испорака е биде 150 денари со вклучен ДДВ.

ЗАБЕЛЕШКА:

Со потврдување на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за испорака.

bottom of page